Меколи Калкин до неодамна плашеше со својот изглед, но актерот сега ги воодушеви сите! (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на „Сам дома“, 41-годишниот Меколи Калкин, полека но сигурно се враќа на вистинскиот пат. Познатиот актер кој со години го привлекува вниманието на медиумите со својот шокантен изглед, сега изгледа сосема поинаку, а многумина коментираат дека навистина долго време не изгледал подобро.

Тој се појави пред фотографите на ревијата на Гучи во Лос Анџелес заедно со колегите Џаред Лето и Џоди Тарнер-Смит, а интересната лежерна комбинација што ја носеше го покажа и свежиот изглед на неговата омилена детска ѕвезда.

Меколи Калкин на почетокот на оваа година стана татко на мало момче, Дакота, кое го доби со својата девојка Бренда Сонг, и се чини дека родителството му годи.

Актерот во минатото имаше проблеми со зависноста, а доживеал тешки моменти по раскинувањето на љубовната врска со Мила Кунис, кога почнал да зема дрога и антидепресиви.

Слични содржини