Меколи Калкин стана татко

од Vladimir Zorba

МЕКОЛИ КАЛКИН и Бренда Сонг го добија своето прво дете.

Ѕвездата на филмот „Сам дома“ и неговата партнерка, актерката Бренда Сонг, добија момче и го крстија Дакота, по починатата сестра на Калкин.

Дакота Сонг Калкин е роден на 5 април, откри парот за списанието Esquire.

39-годишниот Калкин претходно проговори за својата желба да основа семејство со поранешната sвезда на каналот Дизни.

„Многу работиме на тоа“, се пошегува тој во февруари минатата година.

„Затоа што ништо не пали повеќе од твојата мила која влетува во собата и вика:„ Мили, јас овулирам“.

Дека сака деца, тој откри и на подкастот на Џо Роган на крајот од 2019 година, кога исто така рече дека „вежбаат многу“.

Двојката е во врска од 2017 година.

Калкин беше во врска со Мила Кунис скоро 9 години пред да раскинат во јануари 2011 година.

Слични содржини