Досега сме виделе сè од англискиот фудбал, но никогаш како ист играч постигнува два гола во првите три минути од мечот.
Тоа му тргна „од нога“ на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини на натпреварот против Лидс, па тој стана првиот во историјата на лигата со толку брз учинок на голови.
Шкотланѓанецот целосно се шокираше себеси, соиграчите и гостите најмногу – првиот погодок го постигна во 69-тата секунда, а вториот во 100-та секунда!
Неверојатен почеток на натпреварот за ова момче кое беше без гол на десет натпревари назад.
При првиот гол, тој беше потпомогнат од неизбежниот Бруно Фернандез, но Мектомини го заслужува целото признание бидејќи ударот беше исклучително прецизен и силен, надвор од дофатот на голманот на Лидс. Со вториот гол, Марсијал му овозможи на Мектомини повторно да слави, за делириум на ова момче – и историско достигнување.
Натпреварот на крај заврши 6:2, што не е видено на Олд Трафорд од победата над Арсенал со 8:2 од 2011 година.