Мелани Грифит во шеестата деценија позираше во долна облека

од desk4

Славната 62 годишна американска актерка Мелани Грифит своите следбеници на Инстаграм ги воодушеви со објавата на фотографија во која позира во долна облека. Оваа слика е дел од фотосесијата направена со цел промоција на линијата долна облека Kit Undergarments со потпис од американските стилисти Сајмон Харуш и Џејми Мизрахи.

Поранешната сопруга на Антонио Бандерас позира само во црна долна облека и високи потпетици.
Откако ја видоа фотографијата нејзините обожаватели почнаа да ѝ делат комплименти, фалејќи ја дека изгледа совршено во шеесетите години.
Инаку Мелани во една прилика имаше можност да открие дека убавата линија и е благодарение на вежби како пилатес и џогинг и режим на исхрана со низок процент на јаглехидрати.
Мелани Грифит е мајка на три деца. Од врската со Стивен Бауер го има 34 годишниот син Александар, од бракот со Дон Џонсон ѝ е ќерката Дакота Џонсон (30) и од последниот брак со Бандерас ja има 23 годишната ќерка Стела.

Слични содржини