Меланија превртува очи од однесувањето на нејзиниот сопруг, предизвика бројни реакции (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Меланија и Доналд Трамп беа заедно на бејзбол натпревар од Светската серија, помеѓу Атланта Брејвс и Хјустон Астрос во Атланта. Натпреварот го следеа од свечената ложа.

Поранешниот претседател на САД воодушевено навиваше и го бодреше тимот, но се чини дека неговата сопруга Меланија не беше премногу воодушевена, нешто што „улови“ една од камерите на стадионот. На снимката јасно се гледа како Меланија кисело се насмевнува додека Трамп плеска и го крева палецот во воздух, а таа ја врти главата на другата страна и ги превртува очите.

„Ова треба да биде дефиниција за одвратност“, „Погледнете го нејзиното лице“, „Лажен брак, лажен претседател“, „Доста ѝ е од се“ се само дел од коментарите кои се проширија на социјалните мрежи.

Ова не е прв пат однесувањето на Меланија во јавноста да предизвика гласини за состојбата на нивниот брак. Така камерите веќе неколку пати ја снимаа како го игнорира Доналд кога сакал да ја фати за рака на спортски настан во Њу Орлеанс, а истото се случи и кога таа се симнала од авионот кога се враќале од едно од патувањата, додека еден од неговите обиди да и нареди да се насмее пред камерата, ги остави сите во чудо.

Слични содржини