Меланија Трамп ги откажа патувањата поради „постојана кашлица“

од Stefanija Kuzmanovska

Првата дама на Соединетите Американски држави, Меланија Трамп, го откажа своето патување во Пенсилванија поради „постојана кашлица“, каде Доналд Трамп ќе учествува на предизборниот митинг во рамките на својата кампања.

Меланија Трамп се чувствува подобро секој ден откако го преболе КОВИД-19, но поради постојана кашлица и мерки на претпазливост, таа нема да патува денес, рече портпаролката Стефани Гришам во краткото соопштение.

„Г-ѓа Трамп се чувствува подобро секој ден откако се опорави од Ковид-19, но поради постојана кашлица и како мерка на претпазливост, таа нема да патува денес“, изјави Стефани Гришам, шефицата на кабинетот на Меланија Трамп, пренесоа медиумите.

Првата дама, како и нејзиниот сопруг, беа позитивни на КОВИД-19 на 1 октомври, а во средината на месецот објави дека е негативна.

Првата дама на Америка не се појавила во јавноста од првата претседателска дебата меѓу Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден, што се одржа на 29 септември.

Меланија Трамп неодамна објави дека нејзиниот и синот на Трамп, Барон се позитивни на коронавирус во исто време со самиот претседател. Тогаш Трамп им изјави на новинарите дека Барон се чувствува добро.

„Моите мисли беа насочени кон нашиот син. Како родител, бев загрижена, постојано размислував што ќе се случи утре“, објави Меланија, објави Белата куќа.

Таа додаде дека Барон е силен тинејџер и не покажува никакви симптоми.

Доналд Трамп енергично се врати во својата кампања откако се опорави од ковид-19. На неговите собири присуствуваат до 10.000 луѓе, а здравствените препораки поврзани со коронавирусот често се кршат.

Слични содржини