Меланија за првпат во јавноста по изборите: Гордо ја покажа новата фризура (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Првата дама, Меланија Трамп (50), изгледаше многу елегантно во еднобојно палто за време на Денот на благодарноста во Белата куќа. Меланија првпат се појави во јавноста денес по претседателските избори во САД.

Сопругата на Доналд Трамп е позната по своите феноменални и елегантни стајлинзи, а на тоа и остана верна и денес.

Кога се појави во Белата куќа, Меланија носеше елегантно црно-бело палто со „V“ деколте. Иако палтото беше затворено, можеше да се види дека таа носи црн фустан под него.

Меланија се немаше огласено откако беше објавено дека Џо Бајден победи на претседателските избори на почетокот на овој месец, пренесува „Експрес“.

Денес за првпат ја покажа својата нова фризура, односно неодамна се префарбала во русокоса.

Слични содржини