Мелбурн го продолжи „локдаунот“ по новите случаи на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Во Мелбурн локдаунот беше продолжен за уште седум дена откако во средата беа регистрирани 20 нови случаи на инфекција со коронавирус во државата Викторија, пренесе Анадолија.

Шестото „затворање“ ќе биде продолжено до 19 август, соопшти владата на Викторија.

„Ова е многу предизвикувачки, знам, за секој граѓанин на Викторија. Тие би сакале да бидат на отворено и да имаат одреден степен на слобода, но тоа едноставно не е возможно поради делта-варијантата“, рече викторијанскиот премиер Даниел Ендрјус.

Во меѓувреме, локалните власти во Сиднеј размислуваат за олеснување на мерките за вакцинираната популација, и покрај ширењето на делта-варијантата на вирусот.

Во тој град, во средата беа пријавени 344 нови случаи на заразени.

Австралиските градови успешно спречија ненадејни скокови на бројот на заразени лица за време на пандемија со тоа што ги затворија. Сепак, многу заразната и опасна варијанта претставува нов предизвик низ целиот континент.

Слични содржини