Мелбурн излезе од најдолгиот „локдаун“, граѓаните слават (ВИДЕО)

од Milan1

Жителите на  австралискиот град Мелбурн се собраа во градските пабови, ресторани и фризерски салони во раните утрински часови, откако најдолгиот „заклучен“ град во светот излезе од најновата серија ограничувања, воведени за да се спречи ширењето на ковид-19.

Вториот по големина град во Австралија помина 262 дена или речиси девет месеци под строги ограничувања за време на шест одделни „заклучувања“, кои беа во сила од март 2020 година, што е најдолго „заклучување“ за кој било град во светот, пренесува Ројтерс.

На пример, главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, помина низ 234 последователни денови на затворање минатата година.

Граѓаните на Мелбурн славеа и аплаудираа од своите балкони, додека автомобилите постојано свиреа на минута до полноќ, кога престанаа да важат ограничувањата кои беа на сила од почетокот на август.

Многу места, вклучително и продавници за храна, па дури и фризерски салони, се отворени во невобичаено време.

Слични содржини