Мелничарите постигнаа договор, ќе се одблокира прозводството на брашно

од Берта Китинска

Мелничарите постигнаа договор со министерот за економија – набрзо ќе се одблокира прозводството на брашно од увозна пченица.


Цената на брашното во земјава ќе може да расте зависно од цената на пченицата од Србија, а истото ќе важи и за трговците во продажба. Досега цената беше фиксирана поради вонредната состојба, но министерот Бектеши вели дека на следната владина седница ќе се направат измени со која мелничарите и трговците нема да бидат загрозени. Воедно, ќе се укине и забраната за извоз на брашно од Македонија.

-Ги следиме сите случувања, посебно со цените и снабдувањето репроматеријали за основните производи. Така и ќе продолжиме за да овозможиме навремено снабдување, квалитет и незголемување на цените.- Крешник Бектеши – министер за економија.

Измените следуваат откако мелничарите се пожалија дека неколку денови нивната работа е блокирана. Немаат право да покачуваат цени на брашното, а нивните трошоци се зголемуваат поради благиот пораст на пченицата која ја купуваат од Србија. Во меѓувреме домашните трговци се снабдувале со нарачки на српско брашно кое не подлежи на контрола на цени од инспекцијата.

-Имавме правен проблем со Владата, што во одлуката стои “увозните цени на производите”, а не беа наведени суровините од кои ги правиме и се створи блокада од страна на инспекциските служби. Беа блокирани продавачите да ги продаваат нашите производи. – Горан Малишиќ – Групација на мелничко- пекарска индустрија

Од групацијата на мелничарско-пекарската индустрија велат дека на почетокот на март енормно се зголеми побарувачката на брашно, а со тоа порасна и цената на пченицата во светски рамки. Но, уверуваат дека засега во државата располагаме со доволно залихи на брашно, и не треба да се создава паника кај граѓаните.

Слични содржини