Мендеш веќе разговарал со Спортинг, можно е Роналдо да се врати во Португалија

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо се посериозно ја разгледува можноста да се врати во Спортинг (Лисабон), пренесува авторитетното издание „Атлетик“.

Португалската ѕвезда е категоричен дека сака да се пресели во тим што следната година ќе игра во Лигата на шампионите, а неговата главна цел е да продолжи да ја надоградува својата позиција како водечки стрелец на турнирот со 140 гола, 15 повеќе од Лионел Меси.

Тој го пропушти и целиот летен kamp на Манчестер Јунајтед, а како причина за тоа беа наведени семејни причини, иако останува нејасно дали ги има.

Сепак, серијата одбивања од повеќето големи европски тимови доведе до ситуација агентот на португалската ѕвезда – Жорже Мендеш да стапи во контакт со Спортинг за да ја истражи можната желба на тимот да го земе Роналдо, како и условите кои би можеле да ги понудат.

Засега не е јасно каков бил одговорот на „лисабонските лавови“, но во некои изданија имаше информации дека тренерот на тимот, Рубен Аморим има резерви за ваква зделка.

Баерн (Минхен), Челси и Барселона веќе се откажаа од можноста да го доведат, додека Атлетико Мадрид се верува дека допрва треба целосно да се откаже од таквата можност.

Слични содржини