Менхетен потона во мрак (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поголемиот дел од Менхетен останаа во мрак поради прекинување на електричната енергија, додека десетици илјади жители на другите делови на Њујорк се уште се без електрична енергија заради минувањето на тропското невреме „Ајзеа“.

Портпаролот на електричната компанија „Консолидејтед Едисон“ изјави дека жителите на Харлем, како и горните западни и горните источни страни на Менхетен, останале без електрична енергија рано утрово според локално време.

Како што беше најавено, погодени се околу 180.000 домаќинства, објави АП.

Исклучувањето на електрична енергија траеше околу половина час.

5.000 домаќинства во Квинс, исто така, останаа без електрична енергија.

Слични содржини