Меркел: Европа се соочува со најтешката ситуација во историјата

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Европа се соочува со најтешката ситуација во својата историја и предупреди дека пандемијата на коронавирус не исчезнала.

„Секој ден гледаме дека вирусот не заминал“, рече Меркел на заедничката видео конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Според неа, пандемијата ја тестира можноста на Европа да се држи заедно, пренесува „Ројтерс“.

Меркел ги повика европските лидери да постигнат договор за фонд за да помогнат во ублажување на економските последици од вирусот.

Говорејќи од Брисел, Фон дер Лејен рече дека почетокот на германското претседателство на ЕУ дојде во „клучен момент“ и додаде дека тоа „ќе ја одреди иднината на Европа“ во наредните шест месеци.

Слични содржини