Меркел: Германија ја поддржува Македонија во евроатлантската интеграција

од Vladimir Zorba

За време на Самитот за Западен Балкан во Трст, премиерот Зоран Заев имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел која изразила поддршка за новата Влада, за суштниски реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот.

– Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните – рекол Заев за време на неговата средба со Меркел.

Канцеларката Меркел најавила поддршка од Република Германија во реформскиот и евро-атлантскиот интеграциски процес.

Двајцата лидери изразиле заедничка определба за продолжување и зголемување на интензитетот на соработката помеѓу двете држави.

Слични содржини