Меркел ги отфрли гласините дека ќе бара петти мандат

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел денес ги отфрли навестувањата дека може да побара петти мандат на чело на владата или да се премисли за ветувањето за напуштање на политиката кога ќе истече мандатот на нејзината сегашна влада.

Анкетите покажуваат дека поддршката за нејзиниот централно-десен блок расте од почетокот на пандемијата на коронавирусот, по, како што беше проценето, добриот одговор на таа здравствена криза.

Германија ги избегна високите стапки на смртност забележани на други места во Европа, а истовремено избегна и остри мерки за изолација што се применуваат во многу други земји.

На прашањето дали размислува повторно да се кандидира, таа одговори „Не, не, навистина не“. На прашањето дали ќе се придржува до својата одлука, таа одговори: „Многу цврсто“.

Слични содржини