Меркел ги повика Азербејџан и Ерменија на итен прекин на огнот

од Stefanija Kuzmanovska

За време на телефонскиот разговор со лидерите на Ерменија и Азербејџан, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потребно веднаш да се запре огнот и да се врати на преговарачката маса, соопшти германската влада.

„Канцеларката Ангела Меркел вчера разговараше по телефон со премиерот на Ерменија Никола Пашинијан, а денес со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Тие разговараа за ескалацијата на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан. Канцеларката истакна дека е неопходен итен прекин на огнот и враќање на преговарачката маса. За таа цел, предлага соодветен форум преку Минската група на ОБСЕ. Соседните земји треба да придонесат за мирно решавање на проблемот“, се вели во соопштението.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на 27 септември. Баку и Јереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на воените дејствија.

Слични содржини