Меркел го посетила Навални во болница: Рускиот опозиционер благодарен, официјална Москва вознемирена

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел го посетила рускиот опозиционер Алексеј Навални за време на неговото опоравување во берлинската болница „Шарите Мите“, потврдил денеска Навални лично.

Претставникот на Ангела Меркел не сакаше да ја коментира оваа информација објавена од германски „Шпигел“ во текстот во кој се наведува со колкава сериозност и внимание пристапува германската канцеларка кон овој случај.

Оваа информација очигледно ќе ја вознемири официјална Москва, која ги отфрла резултатите од тестовите извршени во Германија, Франција и Шведска, а кои покажаа дека Навални е отруен од нервниот отров „новичок“.

Германија побара официјално објаснување од Кремљ, но Москва негираше каква било поврзаност со случајот.

„Шпигел“ пренесува дека Навални изјавил дека е „многу благодарен за посетата на канцеларката Меркел“.

Слични содржини