Меркел: Ќе имаме мерки и во 2021 година

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел ги предупреди граѓаните денес дека ограничувачките мерки против коронавирусот може да траат подолго од предвиденото.

Канцеларката и претставниците на покраинските влади се согласија денес да го продолжат делумниот карантин до крајот на годината, но Меркел предупреди денес дека постои голема веројатност ограничувачките мерки да бидат на сила и следната година.

„Со оглед на бројот на инфекции, претпоставуваме дека мерките што беа воведени пред Божиќ ќе важат на почетокот на јануари во поголемиот дел од Германија. За жал, не можеме да ветиме дека ќе има олеснување на мерките за Божиќ и Нова година“, рече Меркел.

Меркел рече дека за време на Божиќните празници ќе им биде дозволено да се соберат 10 лица, но ги потсети граѓаните дека има 27 милиони Германци кои се ранливи и не можат да бидат заштитени, како и дека бројот на новозаболени во Германија, и покрај мерките, е преголем.

Слични содржини