За време на посетата на Лондон, германската канцеларка Ангела Меркел  споделила со шефовите на британските тајни служби информации за Владимир Путин, за ситуацијата во Крим и нестабилната ситуација во Украина. Тоа го објавија  руските медиуми, повикувајќи се на The Times.меркел
На средбата, која се одржа во октомври оваа година во резиденцијата на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, беше присутен и самиот премиер. Британските тајни служби биле претставени од страна на шефот на контраразузнавање МИ-5 Ендрју Паркер, шеф на надворешното разузнавање на MI6 Алекс Јингер и директорот на британскиот Центар за владина безбедност   Роберт Ханиген.

Според податоците на весникот, за време на средбата биле разменети мислења. Меркел споделила со претставниците на тајни служби информации за претседателот на Русија Владимир Путин, за нестабилната ситуација во Украина и за ситуацијата во Крим. Домаќините за возврат и предале податоци за заканата од  џихадисти од “Исламска држава”.

На 9 октомври беше соопштено дека премиерот на Велика Британија се сретна со германскиот канцелар во неговата резиденција во грофовијата Бкингамшер. На работната вечера лидерите разговарале  за борбата со ИД, како и ситуацијата во Сирија и Украина. Двете страни се согласиле дека Европската унија треба да ги остави во сила санкциите против Русија до исполнувањето на Минск договорите во целосен обем. Политичарите разговарале и за  финансиска и друга помош на Украина.

Слични содржини