Меркел: Пандемиската ситуација во Германија е драматична

од Milan1

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја нарече драматична актуелната епидемиолошка состојба во Германија и побара од идната влада да ја продолжи епидемиолошката вонредна состојба, што дава правна основа за воведување мерки против пандемијата.

„Актуелната пандемиска ситуација во Германија е драматична. Четвртиот бран со полна сила ја погодува нашата земја“, рече премиерката на техничката влада Ангела Меркел, обраќајќи им се на учесниците на конференцијата на Сојузот на германските градови преку видеоврска.

Меркел, која ќе ја извршува функцијата канцелар до инаугурацијата на новата влада, од утрешната средба очекува воведување на индексот на оптоварување на болниците како нов показател за воведување мерки.Таа апелира и до новото мнозинство во Бундестагот да не ја укинува т.н. епидемиолошка вонредна состојба, мерка воведена на почетокот на годината која им овозможува на федералните власти да воведат мерки против пандемијата кои важат во сите сојузни држави.Новата веројатна идна влада на СПД, Зелените и Либералите следната недела, според најавите, ќе ја укине ваквата состојба и како замена ќе воведе промена во законот за борба против инфекции, со што би се овозможило воведување поблаги мерки.

Слични содржини