Меркел: Постои разлика во тоа дали моите родители ќе починат на 80 или 90 години

од Nikola Popovski

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да продолжат сериозно да ја сфаќаат пандемијата на коронавирусите.

Таа истакнала дека не сака да ја направи вакцинацијата да биде задолжителна низ целата земја, но дека има луѓе кои не сакаат да се вакцинираат.

„Ако таквите луѓе сочинуваат 40-60 проценти од населението, тогаш ќе мора да носиме маски уште долго време“, изјавила таа.

„Некои луѓе се решени да ги доведат во прашање валидните мерки, во обид да ги заобиколат. Тие избраа да се однесуваат неодговорно поради фактот дека вирусот претставува поголем ризик за постарите луѓе. Но, постои разлика во тоа дали моите родители ќе умрат на 80 или 90“, истакнала Меркел, нарекувајќи го ваквото однесување „деструктивно“.

„Новите бранови на пандемијата се обично најопасните“, предупредила таа.

Слични содржини