Меркел повторно има мигрантски проблем, нејзиниот план ги подели Германците

од Stefanija Kuzmanovska

Како дел од „еднократната акција“, Германија ќе прими повеќе бегалци од Лезбос од која било друга членка на ЕУ, пренесува „Билд“. Меѓутоа, не сите во владата се согласуваат со оваа одлука.

По пожарот во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос, германската канцеларка Ангела Меркел (Христијанско-демократска унија, ЦДУ) и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер од сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) во понеделникот вечерта постигнаа договор за прием на уште 1.500 мигранти од грчките острови. Како што откри во вторникот германската агенција ДПА, станува збор за семејства со деца.

Хуманитарни организации, политичари и жители на островот со години ја критикуваат состојбата во бегалскиот камп на Лезбос, кој сега е уништен во пожар, оставајќи 12.000 мигранти без покрив над главата.

Конечниот план ќе се дискутира во вторник навечер

Предлогот сега треба да се усогласи со Социјалдемократската партија на Германија (СПД), а дали засега ќе биде прифатен е неизвесно. Претседателот на СПД, Заскија Ескен, побара од Германија да прими дополнителни неколку илјади бегалци од Грција по пожарот во бегалскиот камп Морија, покрај планираните 150 деца. Министерот Зехофер во петокот објави дека Германија ќе прими меѓу 100 и 150 деца без придружба од вкупно 400 и посочи дека во втората фаза ќе се водат преговори со Атина за семејства со деца, пренесува „Велт“.

Владата ќе разговара за конечниот план заедно со раководството на СПД во вторник навечер, кој изврши огромен притисок да прими повеќе бегалци за време на викендот, а како што дознава „Билд“, ЕУ планира да формира нов бегалски камп во Грција, кој би бил под заедничка администрација на ЕУ и Грција и во која апликациите за азил може да се разгледаат однапред. Германската канцеларка наводно разговарала за тоа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан.

Баварскиот премиер Маркус Седер (ЦДУ), кој зборуваше пред само три години за „азилантски туризам“ што треба да се запре и остро ја критикуваше Ангела Меркел за нејзината политика кон бегалците, сега најревно го поддржува планот на канцеларката, пренесува „Билд“.

Во неделата навечер, тој на ТВ каналот „Билд“ изјави дека Германија треба „значително“ да го зголеми својот удел во преземањето на бегалците.

„Не смее да се повтори 2015 година“

Сосема поинаков став зазема министерот за здравство Јенс Шпан (40), кој беше најостриот критичар на канцеларката во 2015 година:

– Не смее да се повтори 2015 година. Ние тоа го одлучивме и го кажавме толку многу пати, и сега мора да го докажеме тоа – рече министерот на седницата на ЦДУ.

– Никој не може да ја уценува државата – рече тој, додавајќи дека Германија не смее да дејствува самоиницијативно, европското решение се чека веќе пет години. Потребно е да се помогне, но на самото место, а не сите жртви од пожарот да се донесат во Германија.

Ангела Меркел решително го бранеше својот курс, а како што пренесува „Билд“, еден член на претседателството по седницата изјавил:

– Канцеларката веќе зборува исто како и во 2015 година, тоа не може да заврши добро…“

Германската влада очекува другите членки на ЕУ да го следат нејзиниот пример и да им понудат сместување и помош на мигрантите.

Досега е јасно дека најмногу деца мигранти ќе бидат примени од Германија и Франција – помеѓу 100 и 150.

Слични содржини