Меркел предупредува: Тенка е линијата меѓу војната и мирот

од Stefanija Kuzmanovska

Како никој да не разбира колку е тенка линијата помеѓу воен конфликт и мировно решение, констатираше германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот.

Таа го изјави тоа по повод зголемените тензии на истокот на Средоземното море меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за „спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата во која има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот “, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја прилика мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.

 

 

Слични содржини