Меркел: „Проблематично“ е да се блокираат профилите на Трамп на социјалните мрежи

од Nikola Popovski

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека е „проблематично“ да се блокираат профилите на американскиот претседател Доналд Трамп на неколку социјални мрежи, вклучувајќи го и Твитер, изјави денес нејзиниот портпарол.

Твитер трајно го укина профилот на Трамп во петокот, наведувајќи го „ризикот од натамошно поттикнување на насилство“ по упадот на приврзаниците на претседателот во заминување во зградата на американскиот Конгрес.

„Можно е да се интервенира во слободата на изразување, но според ограничувањата дефинирани со законите, а не според одлуката на управата на една компанија“, рекол портпаролот на Ангела Меркел, Стефан Зајберт на прес-конференцијата. „Од таа гледна точка, канцеларката смета дека е проблематично што профилите на американскиот претседател сега се трајно блокирани“, рекол тој.

Зајберт навелрече дека операторите на платформите за социјално вмрежување „носат голема одговорност да обезбедат политичката комуникација да не биде отруена од омраза, лаги и поттикнување на насилство“. Тој рече дека е правилно да се „покаже растојание“ кога се објавува ваква содржина, и како пример изјави дека таквата содржина може да биде обележана со знак за предупредување.

Зајберт, сепак, додаде дека слободата на мислење е основно право од „елементарно значење“.

„Во ваквите основни права, не може да се интервенира освен во согласност со законот и во рамките дефинирани од законодавците, а не според одлуката на раководството на платформата за социјална мрежа“, рече тој пред новинарите во Берлин.

Во четвртокот, социјалната мрежа Фејсбук го блокираше профилот на Трамп до 20 јануари, датумот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател eо Бајден, а можеби и на неодредено време.

Ангела Меркел нема профил на Твитер, но Зајберт има, како и многу германски министри.

Слични содржини