МЕРКЕЛ ПРВА ЈА КАЖА ВИСТИНАТА: Нема да имаме мир, се додека не се зарази 60-70% од населението

од Vladimir Zorba

Поминаа повеќе од шест месеци од избувнувањето на епидемијата од коронавирус. Во тој период, светот слушна бројни теории, проценки и очекувања кога ќе заврши сето тоа. Иако ситуацијата се смири за момент, целиот свет „експлодираше“ повторно, по попуштањето на мерките,воведени за сузбивање на вирусот.

Првиот случај на новиот вирус Ковид-19 е забележан во декември во Кина. Оттука, полека се пресели во Југоисточна Азија, а потоа експлодираше во Европа, САД и Јужна Америка.

Денес, многу експерти зборуваат за „имунитетот на стадото“ и дека само кога ќе го создадеме, ќе можеме да зсивнеме, и германската канцеларка Ангела Меркел беше првата што предупреди за тоа.

Што рече Меркел?

Германија во последните неколку месеци беше пофалена безброј пати за начинот на кој се бори против вирусот. До денес, над 193.000 луѓе се заразени во земјата, а 9.012 починаа.

Во март, канцеларката Меркел предупреди дека скоро 70% од населението во Германија веројатно ќе биде заразено.

– Кога вирусот се појавува, населението нема имунитет и нема терапија. Тогаш меѓу 60 и 70 проценти од населението ќе биде заразено – рече таа.

Додека некои светски лидери на почетокот тврдеа дека ќе можеме да здивнеме малку кога ќе пристигне потоплото време, затоа што вирусот не може да преживее долго време на високи температури, само во неколку медиуми се појави информација дека ќе имаме долг период на борба сè додека не создадеме колективен имунитет.

Гејтс сега го тврди истото

Основачот на корпорацијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави за Си-Ен-Ен дека правењето вакцина не гарантира целосно запирање на вирусот.

Коментирајќи го мислењето на епидемиолозите, Гејтс верува дека вирусот ќе се шири сè додека не се зарази 60-70 проценти од населението. Милијардерот потсети дека вакцината има две основни функции.

– Едната е да се обезбеди индивидуална заштита на вакцинираното лице, а другата му овозможува да престане да биде преносител – објасни тој за телевизијата Си-Ен-Ен.

Според Бил Гејтс, вакцината, најверојатно, ќе биде најкорисна за индивидуална заштита.

– Не може да се гарантира дека вакцината сигурно ќе го запре ширењето на инфекцијата – заклучи тој.

Нормалното веќе нема да биде нормално

За да го запреме коронавирусот, ќе мора радикално да промениме скоро сè што правиме: како работиме, вежбаме, се дружиме, купуваме, се грижиме за нашето здравје, ги едуцираме децата и се грижиме за членовите на нашето семејство.

Секоја земја првично усвои мерки за „намалување на кривата“ на инфекцијата, а воведени се и мерки за социјално оддалечување за да се забави ширењето на вирусот, така што бројот на пациенти, кој одеднаш ќе скокнае, нема да доведе до пропаѓање на здравствениот систем.

Ова значи дека пандемијата треба да трае на доволно ниско ниво се додека доволно луѓе не го добијат Ковид-19 најмногу за да добијат имунитет (претпоставувајќи дека имунитетот трае со години, што сè уште не знаеме) или да постои вакцина.

Сè додека некој во светот го има вирусот, епидемиите можат да се вратат ако не постојат строги контроли. Во извештајот на истражувачите од Империал колеџ во Лондон се сугерираат начини како да се постигне тоа: наметнување на екстремни мерки на социјално растојание секој пат кога приемот во единиците за интензивна нега се зголемува драматично, и релаксирачки мерки кога бројот ќе започне да опаѓа.

На пример, кога приемот во единиците за интензивна нега надминува 100 неделно, државата ќе затвори училишта, колеџи и ќе донесе мерки за социјално растојание. Кога тој број падне под 50, тие мерки ќе бидат укинати, но луѓето со симптоми или оние чии членови на семејството имаат симптоми, сепак ќе треба да останат дома.

Како што група истражувачи објавија уште во март, социјалното растојание и затворањето на училиштата треба да се воспостават околу две третини од времето (два месеци да, а потоа и еден месец не), сè додека не се добие вакцина, што може да трае најмалку 18 месеци (ако воопшто функционира).

Слични содржини