Меркел: Расизмот во Германија е отров, ќе се борам против тоа

од Nikola Popovski

Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди пукањето во кое загинаа повеќе луѓе во Ханау и вети дека ќе се бори против оние што се обидуваат да ја поделат земјата на етничка основа.

Таа го осуди расизмот во Германија, нарекувајќи го „отров“, откако имаше пукање на две локации,во кое девет лица беа убиени, а после кое мртви се најдени сторителот и неговата мајка.

„Расизмот е отров, омразата е отров. И тој отров постои во нашето општество, од делувањето на NSU, преку убиството на Волтер Либке, до убиствата во Хале, изјави Канцеларката, спомнувајќи ги по ред, низата убиства на Национал-социјалистичкото подземје (NSU) во текот на 2000-тите години, убиството на еден промигрантски член на одбор во јуни и нападот на синанога во јуни, при што загинаа две лица.

„Сè ќе биде сторено за да се испитаат околностите на овие грозни убиства“, рече Меркел во Берлин, додавајќи дека многу укажува на тоа дека станува збор за екстра-десничарски мотив, дека сторителот дејствувал од омраза кон лица со различно потекло, различна вера и различен изглед.

Наргиле-баровите, каде се случија нападите, се места каде што луѓето се собираат да пушат миризлив тутун од лулиња од Блискиот исток. Дел од жртвите се чини дека се со турско потекло.

Слични содржини