Меркел сакала да се заблагодари за придонесот, пожарникари и спуштиле слушалка мислејќи дека е шега

од Aleksandar Petrovski

Германската канцеларка Ангела Меркел се обидела телефонски да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес за време на кризата со пандемијата на коронавирусот, но командантот на противпожарната служба и спуштил слушалка, мислејќи дека се работи за шега.

Меркел се јавила во противпожарната единица во Берхан, но шефот на таа единица, Андре Мусквик, мислел дека станува збор за шега на една локална радио станица, пренесува весникот „Нордкурир“.

Меѓутоа, подоцна повторно заѕвонел телефонот и се јавила прес службата на канцеларката, која појаснила дека претходно се јавила шефицата на германската Влада. потоа Меркел повторно се јавила и се заблагодарила на трудот што го вложуваат во ваква тешка ситуација. Таа преку медиумите дознала дека пожарникари во берген, по негативно тестирање на коронавирус, одлучиле доброволно да се стават во карантин за да останат здрави за да можат да им служат на граѓаните.

Слични содржини