Меркел: Се ќе биде добро кога еден ден земјите од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ

од Nikola Popovski

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска ќе форсира почетокот на преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија на Самитот на Европскиот Совет во март.

– Пред сè сакаме да постигнеме договор на следниот состанок на Европскиот Совет во март за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави Меркел на средбата со албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска престојува во официјална посета на Германија.

– Обете земји постигнаа многу. Сега ние напорно ќе работиме за да ги оствариме посакуваните резултати во март, дополни канцеларката.

Таа појасни дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан не е во интерес само на тие земји, туку и на цела ЕУ.

– Кој е запознат со геополитичките односи, тој знае дека е добро еден ден и државите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ, потенцираше Меркел.

Потсетувајќи дека и на последниот Самит во Берлин Германија се залагаше за деблокада на преговорите со Албанија и Северна Македонија, Меркел најави дека официјален Берлин и натаму интензивно ќе работи на тоа прашање со цел во март да се добијат посакуваните резултати.

Самитот на ЕС ќе се одржи на 26 март во Минхен.

Неодамна Меркел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изразија надеж дека ќе дојде до напредок во отворањето пристапни преговори со Скопје и Тирана на Самитот на ЕУ во мај.

Претседателот на ЕС Шарл Мишел минатата недела рече дека Унијата во слендите недели ќе води интензивни разговори за тоа на кој начин во иднина ќе се води процесот на проширување, откако во октомври францускиот претседател Емануел Макрон не даде зелено светло за почеток на преговори се додека не се реформира методологијата.

 

Слични содржини