Меркел: Се надевам дека УЕФА ќе биде одговорна за публиката на „Вембли“

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека се надева дека Европската фудбалска централа (УЕФА) ќе постапи „одговорно“ во врска со одржувањето на натпреварите на Европското првенство во Велика Британија, имајќи предвид дека новиот делта коронавирус се шири брзо во таа земја.

УЕФА разговара со британската влада за можноста да испрати поголем број навивачи на стадионот „Вембли“ во Лондон, до 65.000 за полуфиналните натпревари и финалето на Европското првенство, што се планира да се играат на тој славен стадион.

Властите веќе се согласија да го зголемат капацитетот на најмалку 40 000 за последните три натпревари во шампионатот.

Меркел рече дека ги поддржува напорите на британската влада да обезбеди почитување на потребните хигиенски правила, на стадионот со капацитет од 90.000 места.

„Се надевам дека УЕФА ќе се справи со тоа одговорно и мислам дека не би било добро стадионите таму да бидат полни“, рече Меркел.

Слични содржини