Германскиот канцелар Ангела Меркел повторно  седна во текот на извршувањето на националните химни на церемонија за пречек на премиерот на Молдавија по трите неодамнешни инциденти, во кои таа се тресеше неконтролирано додека стоеше исправена  на слични настани, потсетува “Асошиејтед прес”.

Две столици беа подготвени однапред за Меркел и гостинкаата  во Берлин молдавски премиер Маја Санду пред кабинетот на канцеларката. Протоколот е воведен  за прв пат, кога новиот премиер на Данска беше во посета на Берлин во четвртокот минатата недела, ден по последната епизода со тресењето на Меркел.
ОвојпатМеркел не покажала знаци на нестабилност .

Канцеларката, која утре полни  65 години, минатата недела изјави дека психолошкото влијание од првата епизода со трресењето во средината на јуни е причината за последните инциденти, велејќи дека таа “ќе мора да живее со тоа за одреден временски период “, но нема што да се грижите, не се  одложуват јавните обврски.