Меркел: Со решавањето на спорот за името, Северна Македонија направи неверојатен чекор напред

од Nikola Popovski

На прес-конференцијата со хрватскиот премиер Пленковиќ, германската канцеларка оцени дека со решавањето на спорот за името Северна Македонија направила неверојатен чекор напред, пренесува Дојче Веле.

Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ, но на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

„Во случајот на Северна Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада“, рече Меркел во Берлин.

Таа вели дека двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги започнат преговорите.

Слични содржини