Меркел: Унгарија не треба да ја игнорира одлуката на Европскиот суд

од Vladimir Zorba

Во интервју за весникот Die Berliner Zeitung канцеларката на СРГ Ангела Меркел упати нова критика кон Унгарија, велејќи дека властите во Будимпешта треба да се усогласат со одлуката на Европскиот суд за солидарна распределба на мигранти меѓу земјите од Заедницата.

“Тоа што владата изјави дека не е заинтересирана за одлуката, е неприфатливо”, категорична беше Меркел.

На прашањето дали Унгарија мора да ја напушти Европската унија, откако одби да се согласи со Брисел, кацлерот рече: “Ова значи дека е засегнато многу фундаментално прашање. За мене, Европа е област на правото. Ќе мора да разговараме за ова на следниот самит во октомври”.

Минатата недела Европскиот суд во Луксембург ја отфрли жалбата на Унгарија и Словачка против квотите на ЕУ, според кои секоја земја мора да прифати одреден број бегалци.

Според Меркел сепак миграциската политика на Будимпешта не претставува закана за другите членки на Заедницата. “Од 28 земји, само три или четири ригорозно го отфрлаат принципот на распределба на солидарноста. Сите останати се согласиле да дадат свој придонес, а по пресудата на Европскиот суд – дури и словачкиот премиер Роберт Фицо “, потсети германскиот канцелар.

Слични содржини