Меркел: Вирусот не може да биде победен од една земја, никој не е безбеден

од Берта Китинска

Ниту една земја не е безбедна од ковид 19, ниту Германија, ако тука не се нејзините соседи и пријатели, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел изрази верување дека е добра одлука да се набави вакцината во заеднички процес преку ЕУ.

„Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту една земја, дури ниту Германија, не би била безбедна од вирусот ако не беа нејзините пријатели и соседи“, изјави Меркел.

Во своето неделно обраќање, Меркел процени дека претпазливоста ќе се исплатат.Таа исто така истакна дека следните недели од зимата ќе бидат најтешки во пандемијата.Според неа, продолжените и построги мерки се клучни во борбата против вирусот корона.

Во исто време, нагласува дека постои причина за оправдана надеж за подобрување со почетокот на вакцинацијата во Германија.

“Лекарите и другиот медицински персонал работат до истоштеност. Исто така, она што го слушаме за мутацијата на вирусот не загрижува. Целта, според тоа, мора да биде јасно да се намали бројот на нови пациенти, така што здравствените установи ќе можат да ги бараат контактите “, објасни Меркел.

Таа најави забрзување на темпото на вакцинација, изразувајќи уверување дека ќе има доволно вакцини за да им се даде можност на сите во Германија да се вакцинираат.

Слични содржини