Меркел во ново соопштение: Северна Македонија прави големи чекори напред

од Vladimir Zorba

По првото, штуро и кусо, соопштение од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел попладнево издадоа ново, проширено, во кое се поздравува напредокот на земјата и се оценува дека е подобрена нејзината позиција за приближување кон ЕУ.

„Северна Македонија натамошно се ориентира кон ЕУ и НАТО. Земјата во изминативе години амбициозно го реформира својот безбедносен сектор и прави големи чекори напред на полето на владеењето на правото и демократијата. Владата се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, се наведува во проширеното соопштение, цитирано од ДВ.

За разлика од првото соопштение од средбата кое беше насловено „Зацврстување на стабилноста на Балканот“, во новото е сменет и насловот, па сега се вели „Натамошна промоција на европската интеграција“.

Слични содржини