Мерко: Да не бидеме „црна овца“ се солидализираме со своите колеги од Охрид

од Берта Китинска

Досегашните концесионери на плажи во Струга денеска започнаа сами да ги отстрануваат платформите поставени во Охридското Езеро.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во изјава за медиумите кажа дека шест платформи ќе бидат отстранети додека другите имаат одобренија за градба.

– Во разговори со сите чинители се договоривме ние да не бидеме „црна овца“,и да се солидализираме со своите колеги од Охрид, за  С.Македонија да не го изгуби статусот на УНЕСКО односно да може уште повеќе да се инвестира .По оваа наша солидарна работа чекам фидбек од државата и УНЕСКО да ни даде план за развој. Чекаме фидбек од државата и Комисијата на УНЕСКО да ни даде план за подобар развој, да имаме план за одржување на трската, која од 50 хектари сега има 300 хектари трска, за уште повеќе да го развиеме градот, кажа Мерко.

Слични содржини