Мерцедес: Ферари се побрзи за половина секунда

од Vlatko K

Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф ги потврди информациите дека главниот конкурент
Ферари има предност пред сите други барем по првата серија од зимски тестови.

Констатацијата прво беше направена од Франц Тост, шефот на Торо Росо, кој изјави дека болидите
на „скудерија“ водат со половина секунда пред конкурентите во челото.

И во 2018-та, и во 2017-та „црните коњчиња“ започнаа ветувачки и покажаа вистинска конкуренција на Мерцедес, но на
крајот Германците се оние кои ги освоија титулите кај конструкторите и пилотите во последните 5
сезони.

Па така ситуацијата не е новина за Мерцедес, кој во оваа фаза ја признава предноста на
конкурентот.

„Се согласувам со Франц Тост. Реално, Ферари се чини дека води за половина секунда“, рече Волф.
„Сепак, не можеш секогаш да бидеш фаворит. Сè уште не покажавме за што сме способни“, додаде
Австриецот.

Според многумина причината за оваа рана предност се крие во дизајнот на предното крило, кое го
нудат од Ферари.

„Ние го проценуваме концептот на нивниот болид, но сме убедени дека нашиот избор, исто така ќе
функционира во текот на сезоната. Ако не, ќе треба да го промениме својот пристап, но тоа ќе
потрае неколку недели“, додаде тој.

Слични содржини