Мерцедес навести за специјален дизајн на болидот за ГП на Германија

од Vladimir Zorba

Мерцедес ги објави првите фотографии од својот специјален дизајн за претстојното ГП на Грманија во Формула 1. Германскиот производител на автомобили ќе биде генерален спонзор на тимот овој викенд. Автомобилот ќе биде претежно бел – традиционалната тркачка боја на Германија – заедно со сивите и зелените мотиви на Петронас.

„Сребрените стрели“ ја слават 125-тата годишнина на брендот во мотоспортот, како и нивниот старт бр. 200 во Ф1 како фабрички тим на „Хокенхајм“.

„Во 1984 се одржува првата трка од Париз до Руан, а победниците беа со машина, чиј мотор е направен од Готлиб Дајмлер. Тоа претставува почеток на одлична мотоспорт традиција што продолжува до денес и ние сме неверојатно среќни што сме дел од нејзината приказна“, рече шефот на тимот Тото Волф.

Иако тимот освои девет од првите десет трки во 2019 година, Волф верува дека во Германија тимот ќе се соочи со тешкотии поради очекуваните високи температури.

„Сребрените стрели“ не беа во врвна форма и во Австрија, каде што температурите достигнаа 35 степени Целзиусови, поради проблеми со ладењето.

Слични содржини