Месецот на раѓање открива каков партнер навистина ви е потребен

од Vladimir Zorba

Месецот на раѓање открива каков маж ви треба, дури и по цена да го чекате:

Јануари – Одвреме-навреме ќе ви се појави маж, а ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Токму затоа што и самите сте такви. Знаете кои се вашите соништа и дефинитивно чекорите кон нивно остварување. Затоа ви треба некој кој ќе може да трча со вас и да ви даде поддршка. Само таков маж нема да ја одврати вашата силна природа и желба за успех.

Февруари – Бидејќи сте непредвидливи и полни со живот, потребен ви е трпелив, но во исто време и љубопитен маж. Некој кој ќе ве сака дури и кога сте расположени да тргнете на пат кон непознатото, но и кога сте тивки, внимателни и ранливи.

Март – Заслужувате некој да се однесува со вас онака како што заслужувате. Со оглед на тоа дека сте некој кој сочувствува со другите, дека сте искрени и паметни – таков мора да биде и вашиот совршен маж. Бидете трпеливи и ќе дојде тој што ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожава сите ваши квалитети и нема да помисли да ве искористи.

Април – Почекајте да се појави оној кој ќе се заљуби во вашата уникатност. Многумина побегнале од неа, а многумина се плашеле дека не сакате да ги криете емоциите, но оној кој е вистинскиот за вас ќе биде доволно самоуверен за да остане.

Мај – Потребен ви е некој кој може да го следи вашето темпо. Како личност со исклучителен фокус, мотивација и страст, не ви треба некој кој упорно ќе заостанува зад вас. Сосема е во ред секој од вас да води свој живот, но во исто време да бидете тука еден за друг и да се охрабрувате да бидете подобри и поуспешни.

Јуни – Потребен ви е некој кој нема да има проблем емотивно да се отвори и кој нема да се плаши од својата ранливост. Секако, тоа не значи да се биде нечие рамо за плачење или да се поправи сето она што другите го уништиле во животот. Ви треба некој кој ве сака исто колку што и вие него.

Јули – Ви треба маж кој ќе ве обожава за да бидете тоа што сте. Вашата природа е таква што ги привлекувате сите околу себе, па заслужувате некој кој е доволно сигурен во себе и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој да ви каже дека треба „малку да се смирите“ за да се чувствува подобро во своја кожа.

Август – За вас постои некој кој не се плаши да биде искрен, кој ќе ви го каже дури и она што не сакате да го слушнете. Вашата личност е пример за многумина и имате карактеристики на вистински лидер, па затоа ви треба доволно силен маж кој нема да ви дозволи да правите се што сакате, особено да го прегазите. Што не значи дека нема да се гордее со вас. Едноставно ќе ве држи во рамнотежа.

Септември – Никогаш не сакате да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви треба партнер кој нема да ве спречува во тоа. Но, и некој на кој нема да му биде тешко да се потруди малку повеќе да загребе подлабоко во вашето срце.

Октомври – Имате толку многу љубов и добрина што луѓето често го земаат здраво за готово. Затоа вашиот маж треба да има исти или слични карактеристики за да внесе уште повеќе радост и љубов во вашиот живот, а не болка и страдање.

Ноември – Исклучително сте вредни и креативни, но понекогаш можете да бидете повлечени и тивки. Затоа ви треба маж кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се труди да се чувствувате опуштено. Почекајте го оној кој ќе ве сака такви какви што сте.

Декември – Ви треба некој кој секогаш ќе биде подготвен за забавата. Вие сте весела личност полна со енергија и ви треба некој кој ќе ве поттикне така да се развивате, а не некој што ќе ве спречи. Мажот кој е за вас ќе ја сака вашата духовитост и глупава природа, но и ќе биде доволно сериозен кога е потребно. Како прво, за вас е некој кој може да ве насмее.

Слични содржини