Меси до Левандовски: Ја заслужи „Златната топка“ за минатата сезона

од Nikola Popovski

Лео Меси по седми пат ја доби „Златната топка“, наградата за најдобар фудбалер во светот, која секоја година ја доделува „Франс Фудбал“.

Меси го доби ова престижно признание по седми пат, а воедно ја одбрани титулата од 2019 година, бидејќи минатата година немаше награда поради пандемијата на коронавирус.

За време на говорот, Аргентинецот им се заблагодари на соиграчите од репрезентацијата и поранешниот клуб Барселона, а потоа му испрати порака на Роберти Левандовски.

„Чест е да се натпреварувам со тебе, Роберт. Мислам дека ја заслужи наградата минатата сезона“, изјави Меси.

После тоа додаде дека не знае уште колку ќе игра фудбал со оглед на тоа што има 34 години.

„Не знам уште колку години ќе играм, но се надевам дека ќе биде и понатаму, бидејќи одлично се забавувам“.

Слични содржини