Меси го извадил Роналдињо од затвор

од Vladimir Zorba

Лионел Меси платил кауција од 1,6 милиони долари за да го извади Роналдињо од затворот во Асунсион.

Јужноамериканските медиуми пишуваат дека парите биле исплатени од една сметка на Барселона и дека главен „осомничен“ е Меси.

Сè уште нема официјална потврда, но сè укажува на фактот дека порано имаше најава дека Меси ќе ги плати парите, а Роналдињо сигурно не гонаправил тоа затоа што претходно му биле конфискувано, односно ги „отстранил“ преостанатите средства.

Роналдињо во моментов е во луксузен хотел во Асунсион и чека судење за влез со лажен пасош во Парагвај, заедно со неговиот брат Роберто.

Меси и Роналдињо играа во Барселона од 2004 до 2008 година и освоија сè што можеше да се освои.

Тие оформија неверојатен напад заедно со Самуел Ето.

Слични содржини