Меси го надмина Пеле

од Vladimir Zorba

Аргентинските фудбалери ја совладаа Боливија со 3-0, а сите три гола беа дело на новиот фудбалер на ПСЖ, Лионел Меси.

Аргентинецот не само што го доведе својот тим до нова победа со голови, туку го сруши и рекордот на легендарниот Пеле.

Тој стана најдобар стрелец во историјата на сите селекции на Јужна Америка.

Меси сега има 79 гола во својот 153 -ти настап во националниот дрес, додека поранешниот играч на Сантос успеа да постигне 77 во текот на кариерата.

Тоа се уште е далеку од најдобриот репрезентативен стрелец, Кристијано Роналдо (111), но исто така треба да се земе предвид дека Меси е две години помлад од Португалецот.

Аргентина со победа го задржа второто место во квалификациите за СП, додека Бразил е прв со 24.

Бразилците го совладаа Перу со 2:0, а Нејмар со гол запиша свој рекорд, со оглед на тоа што со 12 гола го престигна Ромарио како најдобар стрелец во квалификациите за СП.

Резултати од други натпревари:

Парагвај – Венецуела 2:1 (1:0)
Мартинез 7, Каку 46 – Канселор 90

Уругвај – Еквадор 1:0 (0:0)
Переиро 90 + 2

Колумбија – Чиле 3:1 (2:0)
Борха 19, 20, Дијаз 74 – Менезес 56

Аргентина – Боливија 3:0 (1:0)
Месија 14, 65, 88

Бразил – Перу 2:0 (2:0)
Рибеиро 15, Нејмар 40

Слични содржини