Меси го повредил коленото, не се знае колку ќе отсуствува

од Nikola Popovski

Лионел Меси заработи повреда на коленото на неделниот натпревар против Лион.

„Прегледите покажаа знаци на контузија и Меси нема да биде дел од тимот за натпреварот против Мец“, објави денеска Пари Сен Жермен.

Повторното снимање ќе се изврши за два дена.

„Меси беше заменет против Лион во 75. минута од натпреварот, откако неколкупати се фати за коленото“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Меси изгледаше незадоволен од измената, но Покетино има разбирање за играчот.

„Навистина сум задоволен од неговата игра, одигра одлично прво полувреме. Што се однесува до промените и негодувањата, Меси е голем шампион и таквите не сакаат да бидат сменети“, изјави Покетино.

Меси летово пристигна во ПСЖ од Барселона и се уште не успеал да се запише во листата на стрелци за парискиот клуб.

Слични содржини