Меси и компанија на удар по киксот во Лигата на шампионите!

од Vladimir Zorba

Моќниот Пари Сен Жермен освои само еден бод против Бриж во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

За првпат од почетокот на сезоната, љубителите на фудбалот имаа можност да го видат напаѓачкото трио Меси – Нејмар – Мбапе во стартниот состав. Очекуваа „огномет“ на теренот, а видоа бледо издание на скапоцените sвезди.

Белгијците пружија силен отпор на фаворизираниот противник и заслужено стигнаа до првиот бод (1: 1).

Интересно, дури и овој еден гол, кој го постигна ПСЖ, не е дело на некој од споменатото трио, туку стрелец беше Андер Ерера.

Кога имате играчи како ПСG, јавноста очекува убедлива победа. Ѕвездите не ги исполнија очекувањата и сега ќе мора да се соочат со бројни критики.

Социјалните мрежи се запалија по дуелот, а целиот свет се потсмева на сметка на триото МНМ.

Слични содржини