Меси и Марадона – врска која трае од 1993 година

од Stefanija Kuzmanovska

Само Лионел Меси можеше да го најде најдобриот начин да се збогува со Диего Марадона на теренот. Моментално најдобриот аргентински фудбалер едвај ја поднесе смртта на легендата и сонародникот, но сепак играше и постигна гол за својата Барселона против Осасуна.

После голот, Меси се поздрави од соиграчите, на крајот остана сам и го соблече дресот на Барселона.

Под него се наоѓаше дресот на Њуелс олд бојс, аргентинскиот тим за кој Марадона играше на крајот од кариерата.

А тоа беше навистина дресот што го носеше Марадона, бидејќи Меси успеа да дојде до него по неколку неуспешни обиди да го убеди поранешниот сопственик да го продаде.

Врската меѓу дресот на Марадона и Меси е уште подлабока – тој како шестгодишно момче беше изведен на теренот на полувремето од една утакмица, за да ги покаже своите вештини.

Сè се случи во 1993 година.

Останатото е историја, како и љубовта меѓу Меси и Марадона.

Слични содржини