Меси ја доби најголемата понуда во историјата на фудбалот: Барселона му нуди „сè“ за да остане!

од Nikola Popovski

Шпанските медиуми дознаа дека Барселона му понудила на Меси нереално повеќе од половина милијарда евра за продолжување на договорот. Поточно, 555.237.619 евра за четири години, што значи 138 милиони евра по сезона!

Ако се согласи, тој ќе стане убедливо најплатен фудбалер досега, бидејќи сè уште заработува 50 милиони годишно, а до тоа може да дојде со бонуси.

Да биде работата уште подобра за Аргентинецот, Барселона нуди 77.929.955 евра, под ставка наречена „бонус за лојалност“.

И на сето тоа, уште 115.225.000 само ако тој се согласи да потпише нова соработка и многу веројатно да ја заврши кариерата во Барселона.

Договорот на Меси истекува ова лето, а тој сакаше да си замине минатата година, но сепак не успеа.

Барселона сега се натпреварува со Манчестер Сити и ПСЖ, во битката за неговиот потпис.

Слични содржини