Меси ја напушти Барселона, Париз го чека слетувањето на „чудото од Росарио“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најголемиот фудбалер во историјата на Барслеона, Лионел Меси, се упати кон својата следна станица во кариерата, Париз, каде во текот на денот, како што беше најавено, ќе потпише договор 2 + 1 со најмоќниот француски клуб , Пари Сен Жермен.

Се случува нешто што беше незамисливо до вчера – Меси ја напушта својата сакана Барса и се приклучува на тимот каде што може да ги „залечи раните“ предизвикани во последните години од силните европски елиминации и тешките порази од Рома, Ливерпул, Баерн …

Во текот на денот, Меси, придружуван од три џипа, заедно со трите сина и сопругата Антонела Рокуцо, ја напуштија својата куќа во Барселона, тој брзо пристигна на аеродромот каде го пречекаа засилени полициски сили, обезбедување, со цел да помине низ сите процедури и се качи на авион за Париз.

Лионел Меси излезе од црн џип Мерцедес со децата и Антонела, пред нив на аеродромот пристигна неговиот татко и неговиот менаџер Хорхе, кој исто така за медиумите потврди дека неговиот син денеска потпишува за Пари Сен Жермен.

Пред да се вклучат моторите на авионот, Антонела испрати порака што ја објави на својот Инстаграм.

„Градот на светлината“ го чека со раширени раце …

Слични содржини