Меси категорично демантираше трансфер: Тоа се лажни вести, ниту сум ја платил кауцијата за Роналдињо

од Nikola Popovski

Аргентинецот ги предупредува навивачите да не веруваат во шпекулациите низ медиумите.

Капитенот на Барселона и најдобриот фудбалер Лионел Меси ја информацијата за траснфер во Интер или Њуелс Олд Бојс како „лажна“ и рече дека нема ништо од тоа.

Оваа информација со денови се ширела во Италија и Шпанија, а аргентинскиот ТНТ објавил дека не само што има интерес за еден од најдобрите фудбалери во светот, туку дека преговорите се во тек.

Во тој наводен трансфер, со Меси во Интер ќе пристигне и Тијаго Алмада, додека Лаутаро Мартинез би се преселил во Барселона.

„Ова се лажни вести. Не е точно, како и информациите за моето преселување во Њуелс. И двете информации се лажни. За среќа, никој не верува во тоа што се објавува“, напиша Меси на својот Инстаграм профил.

Аргентинецот исто така негираше информација дека платил кауција за Роналдињо, кој во средата бил ослободен од затвор.

Слични содржини