Меси казнет за дресот на Марадона

од Nikola Popovski

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси е казнет со 600 евра за емотивното збогување со Диего Армандо Марадона.

Дисциплинската комисија во Ла Лига го казни Меси затоа што, откако постигна гол против Осасуна (4:0), тој го соблече дресот на Барселона и остана во дресот на Њуелс Олд Бојс со број 10, клубот каде Меси ја започна својата кариера, а Марадона играше во сезоната 1993/1994 година.

Исто така, Барселона е казнета со 350 евра, но сигурно е дека никој нема да зажали премногу.

Меси на оригинален начин му оддаде почит на гигантот, а тој гест ја обиколи планетата изминатиот викенд.

Наполи исто така се прости од Марадона на импресивен начин, играјќи во дресови со аргентински мотиви, а стадионот во Неапол ќе го носи името на Ел Пибе – „Диего Армандо Марадона“.

Фудбалскиот гигант почина на 61-годишна возраст, на 25 ноември и беше погребан во Буенос Аирес.

Слични содржини