Меси најдобар плејмејкер на деценијата

од Stefanija Kuzmanovska

Аргентинецот Лионел Меси беше прогласен за најдобар плејмејкер на претходната деценија.

Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) ги бодуваше фудбалерите според позицијата што ја заземаа сезоните со 20, 19, 18 поени, итн.

Меси собра 174, а најдобар беше во 2015, 2017, 2019 година, а втор во 2011, 2014, 2018 и 2020 година.

Го следеше неговиот поранешен соиграч Андрес Иниеста со 127 поени, и како третопласиран се најде Хрватот Лука Модриќ со 113 поени.

Слични содржини