Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат мобилни телефони, кој ќе задоцни на тренинг може да си оди дома

од Nikola Popovski

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие им забрани на најголемите ѕвезди на тимот, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, како и на другите фудбалери да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објави португалски „Рекорд“.

Галтије исто така наредил споменатата тројка да вечера со остатокот од тимот во тренинг кампот, освен во посебни прилики.

Мерките на новиот тренер на „светците“ значат и дека пристигнувањето на тренинг е меѓу 8:30 и 8:45 часот, а секој фудбалер кој доцни може слободно да се врати дома.

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Кавасаки Фронтале во пријателскиот натпревар во Токио со 2:1, а стрелци беа Меси и Калимуендо.

Фудбалерите на францускиот шампион го искористија престојот во Јапонија за да се испробаат во џудо. Домаќин  им беше Французинот Теди Ринер, повеќекратен олимписки и светски шампион во џудо.

Слични содржини